Елементи
Елементите се мали апликации што може да ги користите директно од почетниот екран. Тие
функционираат и како кратенки. На пример, елементот за време ви овозможува да ги видите
основните временски информации директно од почетниот екран. Но кога ќе допрете на елементот,
се отвора целосната апликација за време. Дополнителни елементи може да преземете од Google
Play™.
18
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Додавање елемент на почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира, па потоа
допрете го Елементи.
2
Најдете и допрете го елементот којшто сакате да го додадете.
Менување големина нa елемент
1
Држете го елементот допрен додека не се зголеми и додека уредот не почне да вибрира,
па пуштете го. Ако големината на елементот може да се менува, на пример, елементот
Календар, ќе се појават истакната рамка и точки за менување големината.
2
Влечете ги точките навнатре или нанадвор за да го намалите или зголемите елементот.
3
Допрете каде било на Почетен екран за да ја потврдите новата големина на елементот.
За да преместите додаток
•
Допрете го и задржете го елементот додека не се зголеми и уредот не почне да вибрира, а
потоа повлечете го до новата локација.
Отстранување елемент
•
Држете го допрен елементот додека не се зголеми и додека уредот не почне да вибрира,
потоа повлечете го кон на врвот на екранот.