Sony Xperia E4g Dual - Управување со батеријата и енергијата

background image

Управување со батеријата и енергијата

Уредот има вградена батерија. Можете да ја следите потрошувачката на батеријата и да видите
кои апликации користат најмногу енергија. Можете да отстранувате односно ограничувате
апликации и да активирате бројни режими за заштеда на штедење на енергија за да извлечете
максимум од батеријата. Можете и да видите проценка на преостанатото време на батеријата и да
ги прилагодите поставките на батеријата за подобривање на перформансите и за пофолго траење
на батеријата.

120

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Управување со потрошувачката на батеријата

1

Од Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата >
Потрош. на енергија од аплик.. Се појавува преглед на апликациите коишто имаат
високи стапки на сообраќај на податоци или коишто не се користени долго време.

3

Прегледајте ги информациите, па постапете како што се бара од вас, на пример, за да
деинсталирате некоја апликација или да го ограничите нејзиното користење.

За да прегледате кои апликации најмногу ја трошат батеријата

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата >
Користење на батеријата.

Прикажување на проценетото време на батеријата

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата.

Режими на штедење енергија

Достапни се неколку режими на штедење енергија доколку сакате батеријата да трае подолго:

STAMINA-

режим

Ги исклучува Wi-Fi® и мобилните податоци кога екранот е исклучен и ги ограничува
перформансите на хардверот. ќе се појави во лентата за статус кога овој режим ќе
стапи во сила.

Ultra STAMINA-

режим

Ја ограничува функционалноста на уредот на основните задачи, како што се
остварување телефонски повици и испраќање SMS-пораки.

ќе се појави во лентата

за статус штом го активирате овој режим.

Режим на слаба батерија

Му го изменува однесувањето на уредот, на пример, за да ја прилагоди светлината на
екранот и поставката за негово паузирање, кога нивото на батеријата ќе се спушти под
одредено ниво.

ќе се појави во лентата за статус кога овој режим ќе стапи во сила.

Wi-Fi

на локацијата

Го поставува уредот да ја активира функцијата Wi-Fi® само кога ќе дојде во опсег на
зачувана Wi-Fi® мрежа.

Позад. податоци во низа

Го оптимизира излезниот сообраќај кога екранот е исклучен испраќајќи податоци во
одредени интервали.

Активирање режим за штедење енергија

1

Од Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциитеПоставки > Управување со енергијата .

3

За да го активирате претпочитаниот режим, влечете го соодветниот лизгач во десно или
означете го релевантното изборно поле и потврдете, ако е потребно.

4

Ако нема достапно поле за избор, допрете го името на режимот којшто сакате да го
активирате, па потврдете, ако е потребно.

Преглед на функцијата на STAMINA-режимот

STAMINA-режимот има неколку функции што ви овозможуваат да ги оптимизирате перформансите
на батеријата:

Проширено
мирување

Ги спречува апликациите да користат сообраќај на податоци исклучувајќи ги Wi-Fi® и
мобилните податоци кога екранот е исклучен. Некои апликации и услуги може да се
активни кога е активна оваа функција.

STAMINA-

часовник

Ги паузира мрежните конекции во ситуации кога често го притискате копчето за вклучување
за да го проверите времето.

Продолжено
користење

Ги ограничува перформансите на хардверот додека го користите уредот.

121

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Активирање на опциите на режимот STAMINA

1

Од Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата , па допрете
ја опцијата STAMINA-режим.

3

Активирајте го режимот STAMINA, ако е деактивиран.

4

Обележете го полињата за избор покрај опциите што сакате да ги активирате, па допрете
ја опцијата Активирај, ако тоа се бара од вас.

За одбирање на апликациите коишто ќе работат во режимот STAMINA

1

Од Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата , па допрете
ја опцијата STAMINA-режим.

3

Активирајте го режимот STAMINA, ако е деактивиран.

4

Проверете дали е обележано полето Проширено мирување, па допрете ги опциите
Активни апликации во мирување > Додај апликации.

5

Лизгајте лево или десно за да ги видите сите апликации и услуги, па означете ги
релевантните изборни полиња за апликациите коишто сакате да ги пуштите.

6

Кога ќе завршите, допрете Готово.