Контрола на користењето податоци
Можете да го следите и контролирате количеството податоци коишто уредот ги испраќа и ги прима
во даден период преку мобилната конекција за пренесување податоци или преку Wi-Fi®
конекцијата. На пример, можете да го прегледате количеството податоци коешто го користат
одделните апликации. За податоци пренесени преку мобилната конекција за пренесување
податоци можете да поставите предупредувања и ограничувања за да избегнете дополнителни
трошоци.
Прилагодувањето на поставките за користење податоци може да ви помогне да имате
поголема контрола врз користењето податоци, но не може да гарантира дека ќе се
спречат дополнителни трошоци.
Вклучување или исклучување сообраќај на податоци
1
Од Почетен екран, допрете ја опцијата .
2
Најдете и допрете ги опциитеПоставки > Користење податоци.
3
Одберете ја SIM-картичката којашто сакате да ја користите за сообраќај на податоци.
4
Повлечете го лизгачот покрај Моб. сообраќај на подат. за да го вклучите или
исклучите сообраќајот на податоци.
Кога сообраќајот на податоци е исклучен, вашиот уред сè уште може да воспоставува
Wi-Fi®, NFC
и Bluetooth® конекции.
Поставување предупредување за користењето податоци
1
Проверете дали е вклучен сообраќајот на мобилни податоци.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Најдете и допрете Поставки > Користење податоци.
4
Одберете SIM-картичка.
5
За поставување на нивото за предупредување, влечете ја линијата за предупредување до
саканата вредност. Кога количеството на сообраќајот на податоци ќе се доближи до
поставеното ниво, ќе добиете предупредување.
Поставување ограничување за користењето мобилни податоци
1
Проверете дали е вклучен сообраќајот на мобилни податоци.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Најдете и допрете Поставки > Користење податоци.
4
Одберете SIM-картичка.
5
Обележете го полето за избирање Ограничи мобилни податоци ако веќе не е
обележано, па допрете OK.
6
За да поставите ограничување за користењето мобилни податоци, влечете ја линијата до
саканата вредност.
Откако користењето мобилни податоци ќе го достигне поставеното ограничување,
сообраќајот на мобилни податоци автоматски се исклучува на вашиот уред.
Контрола на користењето мобилни податоци од страна на одделните апликации
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Користење податоци.
3
Одберете SIM-картичка.
4
Најдете ја и допрете ја саканата апликација.
5
Обележете го полето за избирање Забрани позад. податоци.
6
За пристап до поспецифични поставки за апликацијата (ако се достапни), допрете
Прикажи поставки на апликацијата и направете ги саканите промени.
Промената на поставките за користење податоци на одделни апликации може да влијае
на нивните перформанси.
31
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Проверување на користењето податоци
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Користење податоци.
3
Допрете , потоа допрете Покажи Wi-Fi користење.
4
За приказ на информации за количината на податоци пренесени преку WI-Fi®, допрете ја
картичката Wi-Fi.
5
За приказ на информациите за количината на податоци пренесени преку конекција со
мобилни податоци, допрете ја картичката SIM1 или картичката SIM2.