Sony Xperia E4g Dual - Избирање мобилни мрежи

background image

Избирање мобилни мрежи

Вашиот уред го поддржува користењето на две различни мрежи истовремено. Можете да
избирате од следните комбинации на мрежен режим кога двете SIM-картички се вметнати во
уредот:

Една LTE мрежа и една GSM мрежа

Една WCDMA мрежа и една GSM мрежа

Две GSM мрежи
За секоја SIM-картичка можете да го поставите уредот автоматски да се префрла меѓу мобилните
мрежи, во зависност од тоа кои мобилни мрежи се достапни таму каде што се наоѓате. Можете
исто така мануелно да го поставите уредот да користи одреден режим на мобилна мрежа за секоја
SIM-картичка, на пример WCDMA или GSM.
Во лентата за статус се прикажуваат различни икони за статус, во зависност од видот на мрежата
со која сте поврзани. Погледнете Икони за статус на страницата 22 за да видите како
изгледаат различните икони за статус.

За да одберете мрежен режим

1

Од Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Мобилни мрежи.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Одберете ја опцијата Мрежен режим, па одберете мрежен режим.

Рачно одбирање друга мрежа

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повеќе… > Мобилни мрежи.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете Мрежни оператори.

5

Допрете Режим на пребарување, па одберете Рачно.

6

Одберете мрежа.

Ако рачно одберете мрежа, уредот нема да бара други мрежи дури и ако излезете надвор
од досегот на рачно одбраната мрежа.

Активирање автоматско одбирање мрежа

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повеќе… > Мобилни мрежи.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете Мрежни оператори.

5

Допрете Режим на пребарување > Автоматско одбирање.